Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Георгиески, е успешен образец на матрицата на заевизмот наречена ветувам-негирам-заборавам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-06-03-19-10-36

Заевизмот и продолжената рака се чувствуваат и во Охрид. Воден од примерот на својот лидер, кандидатот за градоначалник Константин Георгиески, е успешен образец на матрицата на заевизмот наречена ветувам-негирам-заборавам! Но, граѓаните не забораваат за што го дале својот глас и го очекуваат ветеното, истакна на пресс конференција Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид.

Петкоска додаде: Во населбата Видобишта беше ветено асфалтирање на улицата „Прва македонска ударна бригада“, изградба на тротоари и нејзино улично осветлување.

— реклама —

Зошто се’ уште не е реконструирано детското игралиште кај Стобекс?

До кога жителите ќе очекуваат непречено функционирање на месната организација?

— реклама —

Нема никакво поставување на улично осветлување на улицата „Малесија“. Ќе почека и реконструирањето на уличната мрежа на споредните улици во населбата. За целиот овој период не успеаја да се постават барем хоризонтални ограничувачи на брзината на улицата „Момчило Јорданоски“.

Факт е дека приоритет не е конкретна помош за граѓаните туку вработување партиски и роднински кадри.

— реклама —

Почитувани, Ајде заедно да ги запрашаме:

Каде Ви е моралот, ако граѓаните не Ви се приоритет, каде Ви се одговорите кои седолжни да ни ги дадете, нели Ви е срам што не реагирате на нашите барања? Незаслужуваме ли чесна, вистинита и релевантна информација за тоа каде одат нашитепари?

— реклама —

Очекувавме да покажете барем минимум човечка и политичка коректност и барем во периодот што измина да најдевте начин и да ги погледневте граѓаните во очи. До кога ќе го применувате тој дегутантен и коруптивен образец при што граѓаните ги третирате како неписмена маса која копнее за своите стотина метри асфалт и не разбира која Ви е играта во позадина?

Разберете веќе еднаш дека граѓаните препознаваат кога се изиграни. Вие не одговоривте на нивните барања, но затоа тие на 21 април ќе Ви испратат повеќе од јасна порака, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања