Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило се случи вчера со сечењето дрва кај месноста „Горица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
seca

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветија зголемување на зелените површини, а веќе извесен период се вршат масовни сечи на здрави дрва низ градот,се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило се случи вчера со сечењето дрва кај месноста „Горица“.

— реклама —

Дали за Георгиески ваквото сериозно уништување на зеленилото е грижа за животната средина?

— реклама —

Наместо современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристички центар оваа Локална власт ја уништува животната средина.

— реклама —

Фотографиите од терен го демантираат градоначалникот Георгиески дека исечените дрва биле стари бидејќи се гледа дека тие се во добра состојба.

Дали се сечени стебла и на друга парцела под патеката, која е во сопственост на Република Македонија?

Згрозени сме од ароганцијата на градоначалникот Георгиески со која сака да ја потцени интелигенцијата на граѓаните.

Наместо да порачувате кој и што треба да прави, како Локална самоуправа сте одговорни за обезбедување чист воздух и заштита на животната средина кое се прави со садење нови дрва, а не сечење на малкуте останати.

Охриѓани не ги забораваат од претходно исечениот дрворед кај Горица околу Вилата на Претседателот на РМ, целиот дрворед здрави дрва кај Општината како и на неколку атрактивни локации низ центарот на градот.

Кажете Вие колку нови дрва засадивте во вашето владеење, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања