Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
FullSizeRender-01-04-19-11-57

Историски мигови за нашата татковина, за нашиот град, моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад. Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици. Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи најавува едно подобро утре кое ќе внесе насмевка во охридските семејства. Уште денес започнуваме со работа, која ќе триумфира на 21 април. Oбединети и сплотени да продолжиме со создавање нови дела и вредности, кои се трајни и се за охриѓани, истакна на пресс конференција Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

— реклама —

Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата. Сите симпатизери и членови на партијата, но и сите оние кои сакаат промени заедно да дејствуваме во насока на подобрување на општественото живеење во Охрид.

Затоа, Ве повикувам на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За подобра Македонија" денеска на Градскиот плоштад во 20:00 часот. Заеднички да излеземе и дадеме поддршка за победа на Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид и проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на Македонија.

— реклама —

Зааедно да почнеме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија.

За поубав Охрид!

За право и правда, за Македонија, истакна Донев, претседател на ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања