Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и Георгиески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-25-03-19-11-28

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески. Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција,се вели во соопштението од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид?

Дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР?

— реклама —

Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?

— реклама —

Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”?

— реклама —

Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР?

Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на  поединци?

Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?

Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци?

Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел?

На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид?

Тие додаваат: Оваа власт на СДСМ мора да си замине, за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања