Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Ниту Ви се грижа учениците, ниту наставниците единствено важни Ви се личните интереси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески образованието во Охрид никогаш нема да достигне нивото кое го заслужува. Позитивната клима во која наставникот ќе биде мотивиран, а ученикот ќе научи повеќе изостана и оваа учебна година откако Локалната самоуправа е предводена од СДСМ.

Кога беше градоначалникот Георгиески во Основното училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец ако толку се грижеше за учениците тогаш ќе ги пречекаше во ветуваната спортска сала од која нема никаква трага. Со какво лице се појавивте пред учениците кои не го добија ветуваното реконструирано детско игралиште во училишниот двор?

— реклама —

Што е реализирано од Програмата за образование во која популистички предизборно ветувавте дека имате издвоено повеќе од 52 милиони денари или околу 850.000 евра?

— реклама —

И оваа учебна година за жал учениците ќе учат во училници во кои има провев, подовите се распаѓаат, прокиснуваат таваните и санитарните јазли се во лоша состојба.

— реклама —

Каде имавте изградба на нови училишни згради и спортски сали, замена на кровни конструкции, нови фасади, реконструкција на подови и надворешна столарија?

Ниту имавте инвестиции во инфраструктурата, ниту пак вложивте во подобрување на училишната опрема и  нагледните образовни средства.

Ниту Ви се грижа учениците, ниту наставниците единствено важни Ви се личните интереси. Толку од „инвестицискиот бум“ на СДСМ и Георгиески во образованието, се вели соопштение  од ВМРО ДПМНЕ дo медиумите и јавноста кое се однесува на посетата на градоначалникот Константин Георгиески на ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања