Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Охриѓани ги препознаа лицемерието и ароганцијата на СДСМ и затоа не им ја дадоа поддршката на трибината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

Охриѓани ги препознаа лицемерието и ароганцијата на СДСМ и затоа не им ја дадоа поддршката на трибината, на која присуствуваа само партиските функционери и директори на јавни и државни институции. Власта на СДСМ ги заборави граѓаните и го наруши кредибилитетот и достоинството на Република Македонија. Криминалот, корупцијата и рекетот на СДСМ и Заев се главната причина зошто се блокира патот на Македонија во ЕУ, се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Владеењето на СДСМ во Охрид ќе биде владеење на срамот поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски.

— реклама —

Градоначалникот Константин Герогеиски лаже дека долгот бил 1.600.000.000 затоа што тој изнесуваше нешто под 1.200.000.00, а ВМРО-ДПМНЕ наследи долг од точно 2.038.000.000 токму направен од локалното владеење на СДСМ во Охрид.

— реклама —

Намалувањето на долгот е заради средствата кои ги исплати Владата на РМ, но за жал за останатиот дел од долгот од октомври 2017 па наваму е добро познато во јавноста дека се дозволува да се наплаќаат долгови преку извршители со сите можни давачки: основен долг, камати, извршни, судски и процесни трошоци и дека таа сума воопшто не е мала.

— реклама —

Дали извршувањата се дозволуваа по договор со доверителите кои се први на листата и за каква контрауслуга?

Со СДСМ имаме покачени даноци, поголема акциза, поскапа вода и паркинг, на секој чекор дивоградби.

СДСМ и Георгиески во Охрид донесоа лаги, урбана мафија, криминал и загрозен статус на УНЕСКО. Учеството во предизборниот пазар спроведен од Георгиески со коалционите партнери го доведе градоначалникот пред свои очи да гледа како да се градат бетонски бази и да нема сила да регира како вистински татко на градот.Уште многу фактури има Георгиески за плаќање.

Георгиески и Оливер Спасовски не преземаат ништо за Охрид да го задржи статусот во УНЕСКО.

СДСМ ги стопира градежните активности, а Лазе Танески заедно со Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска три години ги лажеа охриѓани за трасата на автопатот Кичево-Охрид, парите наместо кај граѓаните завршија со торбите кај функционерите на Власта, а наместо борба со корупцијата видовме здружување со криминалот.

Ако СДСМ се на прав пат, тогаш зошто за 3 години потрошија 10 милијарди евра пари на граѓанитe?

СДСМ вештачки и само на хартија ја зголемува минималната плата, а од тоа граѓаните немаат никаков бенефит.

Лицемерно е Мила Царовска да зборува за платите, а крие дека на една категорија на вработени во градинките на почетокот на годината им се намалени платите за околу 900 денари, како и дека Колективниот договор за платите во образованието изминативе три години не се почитува.

Со СДСМ нема решенија, нема проекти, нема инвестиции.

СДСМ и Заев немат способност да ја водат државата на прав пат.

СДСМ и Георгиески немаат способност да ја раководат општината.

Патот на СДСМ е погрешен и води само наназад без никаква иднинна.

СДСМ тргна на пат во опозиција, а на Македонија и следи обнова,  се вели во реакцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања