Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Охриѓани место воздух дишат отров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-vozduh-1024x576

Охрид со Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески се најде на врвот на најзагадени градови во Македонија. За Георгиески чистиот воздух не е клучен за здравјето и за животот на охриѓани и не презема ништо за да се справи со проблемот, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

На мерната станица ,,Марко Цепенков“ во текот на вчерашниот ден се измерени најмногу 488 мг на метар кубен ПМ честички во воздухот во Охрид. Охриѓани место воздух дишат отров.

Власта и Георгиески воопшто не се подготвени за решавање на проблемите, туку создаваат нови и нови.

— реклама —

Депонијата „Буково“ гори, урбанизацијата во централното градско подрачје воопшто не е прекината, градежна механизација насекаде, континуирано се сечат дрва и се уништува зеленилото, хигиената е на најниско ниво, улиците со кал и прашина воопшто неизметени и за жал секојдневно никнуваат нови депонии во градот.

— реклама —

Веќе е крајот на годината, а од изградбата на фабрика за отпад нема никаква трага.

Многу блиску е и месец февруари, господине Георгиески треба да им одговорите на УНЕСКО што направивте од ветеното со депонијата „Буково“.

— реклама —

Георгиески воопшто не обезбедува услови за здрав живот за сите, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања