Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ Охрид: СДСМ и Георгиески спијат, а трската сѐ уште гори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
FullSizeRender-27-03-19-11-44

СДСМ и в.д градоначалникот Константин Георгиески спијат, а трската сѐ уште гори. Црнила и пепел. Само за СДСМ и за Георгиески нема место за паника, нема место за грижа.

Запален појасот трска кај Подмоље, опожарена трската и во населба Воска. Палењето трска на брегот на Охридското Езеро не запира, нема казни, нема крај на ова дивеење, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

— реклама —

Дали за Георгиески тоа не е уништување добро под привремена заштита, односно природна реткост?

Институциите и Георгиески молчат. Дали со молчењето практично го одбруваат палењето?

— реклама —

Која е задачата на надлежните, ако не јавната бебедност?

Палењето трска јасно ја покажува неодговорноста и негрижата на природното богатство и Охридското Езеро.

— реклама —

Дали треба охриѓани сами да се организираат за да го спречат ова дивеење?

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи, ефикасни мерки и казни за уништувањето на трската на езерското крајбрежје. Надлежните веднаш да ги откријат нарачателите и потпалувачите на трската.

— реклама —

СДСМ и Георгиески не успеаја да создадат ред со дивоградбите, ниту со палењето трска со цел узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби. Граѓаните можат да видат со свои очи како функционира државата на терен и дело.

СДСМ и Георгиески не се за доброто на Охрид и охриѓани и затоа ќе бидат казнети од народот за многу брзо време, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања