Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Шуга во 2019 година, родителите и децата вознемирени - некој мора да биде казнет за молчењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_1293-20-03-19-11-40

Шуга во 2019 година. Родителите и децата вознемирени откако се јави опасност од оваа зараза.  Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното. Во средното училиште „Св. Наум Охридски“ за краток период нов немил настан, истакна на пресс конференција Перчо Божиновски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК  Охрид.

— реклама —

Зошто раководството на училиштето не ја информирало Локалната самоуправа за проблемот?

Наместо в.д. градоначалникот Константин Георгиески постојано да се фотографира пред училиштето, добро би било да се информира за вистината за состојбите во кое се наоѓа образованието.  Што презел Директорот на училиштето? Дали се направени систематски прегледи кај другите ученици за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето?

— реклама —

Со СДСМ на власт родителите не можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Дали е ова нормално? Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето.

Дали и во другите училишта има ист проблем кој се прикрива од надлежните?

МОН и Центарот за јавно здравје веднаш да преземат мерки и да ја испитаат ситуацијата во училиштата.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше претходно околу дезинфекција, дератизација и дезинсекција, преку кои би биле создадени оптималните услови за почеток на новата учебна година како и за целосна заштита на учениците.

СДСМ и Георгиески ќе си заминат од власт, а Охрид и охриѓани ќе се спасат од епидемиите, истакна Перчо Божиновски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК  Охрид.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања