Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Вработените во градинките во Охрид сѐ уште не ги добиле своите плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ok-vmro-dpmne

Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките. Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле своите плати?

— реклама —

Власта на СДСМ да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15 во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец?

— реклама —

Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска ги оставија вработените без основната егзистенција за живот.

Наместо да се фали со нeвистинити мерки за покачување на платите, министерката Царовска да одговори зошто на почеток на годината плататата на група вработени во градинките им беше намалена за околу 900 денари?

— реклама —

Синдикатот веднаш да застане во одбрана на вработените, но исто така да реагира и за неземените плати на вработените во образованието и културата.

— реклама —

На ваквото деструктивно владеење треба да се стави крај, граѓаните на Охрид заслужуваат подобро,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања