Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани разочарани - Се приведуваат тројца градежни работници за работа на дивоградба, а од друга страна истата продолжува да се гради

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still245

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ги разочараа охриѓани. Градоначалникот Георгиески не мисли сериозно да го спроведува законот затоа што од една страна се приведуваат тројца градежни работници за работа на објектот, а од друга страна продолжува да се гради истиот објект без никаква дозвола за градба, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Ова е целата вистина за проблемот со дивоградбите во Охрид и негрижата за зачувување на статусот на УНЕСКО. Реалноста е кристално јасно во која додека Георгиески брои секунди се градат дивоградби во Охрид.

— реклама —

Како е возможно да се дозволи пред очите на надлежните институции да се градат дивоградбите?

— реклама —

Вистинското лице на Георгиески излезе на виделина со тоа што повторно дозволува да се гради без дозвола исто така како што дозволи да се изградат бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и останатите дивоградби низ градот.

— реклама —

Откако СДСМ е на власт изградени се стотици дивоградби во Охрид, но тоа градоначалникот Георгиески не го гледа и ја манипулира јавноста насочувајќи ѝ го вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град никнуваат нови и нови објекти.

За жал сè уште се испорачува фактурата за изборниот инжинеринг и коалициските договори на сметка на Охрид, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања