Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

После 5-ти мај во Македонија има нова политичка реалноста, a падот на криминалната и одродена власт е започнат и неизбежен процес. Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема доверба кај народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

На 5-ти мај аболицираниот Зоран Заев доби врел шамар од граѓаните, кои јасно го изразија својот став дека се за промени и за ставање крај на криминалното владеење на СДСМ.

Граѓаните покажаа дека им е доста од неостварените ветувања, неисполнети очекувања, криминално владеење во кое буџетската сметка единствено се користи за богатење на партиски функционери на СДСМ и нивните роднини.

— реклама —

На граѓаните им е доста и гласаа против, криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ, гласаа против криминалните тендери и грантови, ароганицијата на власта и пеколот кој го го донесе СДСМ, а кој беше најавен како живот.

Покрај сите закани, притисоци и уцени, граѓаните се одважија и излегоа да стават крај на погубните политики на Зоран Заев. Поддршката за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите закани, притисоци и уцени порасна од првиот до вториот круг за 60 илјади гласови.

Сите оние кои излегоа во време на неправда се херои кои покажаа дека Македонија им е најважна. Заслужуваат почит и сите оние кои не гласаа за ВМРО ДПМНЕ, како и граѓаните кои решија да останат дома, со уверување дека времето ќе покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

Бројките покажуваат дека доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот. Граѓаните бараат и очекуваат право и правдина, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања