Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-i-Pendarovski

Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.

Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на  преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.

— реклама —

Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.

СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и  германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички монтирани случаи.

Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.

Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања