Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски како “попче“ потпиша се, иако јавноста беше против

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

,,Стево Пендаровски едно зборуваше, а друго правеше цел мандат. На граѓаните им ветуваше дека постапката за изградба на коридорите ќе биде транспарентна и ќе овозможи вклученост на невладини организации во преговорите, а згора на се договорот ќе се даде на увид на јавноста. Реалноста беше тотално спротивна. Артан Груби го водеше процесот, ниту невладини вклучија, ниту пак на увид го дадоа договорот. Токму граѓанските здруженија посочија дека незаконски и неуставни се предлог измените на законите за изградба на коридорите, донесени во брза постапка, без дебата и без увид на јавноста.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, Пендаровски говореше дека нема да потпишува закони кои ја зголемуваат работната недела на 60 часа, но во рок од неколку дена како “попче“ ги потпиша измените на законите поврзани со изградбата на коридорите. Овие измени според експертите значат загрозување на работничките права, ама за Пендаровски тоа не е проблем и уште дрско им порача на сите ако сакаат нека се жалат на Уставен суд.

— реклама —
— реклама —

Ете тоа е Пендаровски. Заборави на ветената транспарентност и потребата договорот да се даде на увид на јавноста. Ставот му траеше додека од Мала Речица или од Бихаќка не му испорачаа нов. Пендаровски го погази достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени!", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања