Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски молчи за невработеноста на младите од 47,6% која е највисока на Балканот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Стево Пендаровски е ист како неговиот партиски шеф Зоран Заев.   Пендаровски како Заев молчи за искажаните лажни ветувања за продажбата на блиндираниот мерцедес.  Неговата партија ветуваше нови возила за Брза помош кои ќе се набават од продажбата на мерцедесот, а сега во него ги возат сите високи гости во Македонија и земаат стари и користени од земјоделие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Пендаровски исто како Заев молчи за невработеноста на младите, а во кампањата претходно ветуваа намалување на младинска невработеност и подобрување на младинскиот стандард. Наместо подобар стандард,  донесоа беда и сиромаштија за младите лица.

Светска Банка потврди дека за 2018 година, имаме младинска невработеност од  47,6%, што е највисока на Балканот и тоа не прави полоши дури и од Косово, додека пак над 140.000 млади лица откако е СДСМ на власт живеат под прагот на сиромаштијата.

— реклама —

Пендаровски како Заев молчи и за фалсификатот на референдумот,  и за непостапувањето на институциите кои ги игнорираат кривичните пријави и доказите за грубо полнење на кутии , поткуп и злоупотреба на над 50.000 гласови.

Пендаровски молчи како Заев и за тоа на кој јазик зборуваат Македонците во Грција и на тој начин практично дава поддршка на откажувањето македонското население во Грција и нивното право на самоопределување како Македонци.

Пендаровски како Заев молчи за сите криминални зделки во 4 очи, за местените тендери и грантови на  власта како  и за непотизмот кој што откако е СДСМ на власт како канцер метастазираше во нашето општество.

Политичкиот прогон во државата и монтираните судски процеси се режирани од Заев и од Пендаровски. Зацрнија цели семејства осудувајќи лица за дела кои што не ги извршиле, а единствен нивни грев е што се политички неистомисленици на Зоран Заев.

Пендаровски и Заев се лице и опачина на една иста монета. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев,  државата има потреба од претседател кој ќе работи согласно устав и закон. Република Македонија и граѓаните имаат потреба од претседател кој ќе работи согласно државните и национални интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања