ВМРО ДПМНЕ: Платежната картичка е чист поткуп, јавноста не знае како и на кого ќе се дели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karticki

Зоран Заев и Нина Ангеловска вршат класичен предизборен поткуп со таканаречената платежна картичка. Јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. Наместо таканаречени социјални мерки Владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Мерките на владата се задоцнети и не се никаква помош.

ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците.

— реклама —

Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања