Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ВМРО ДПМНЕ: По 12-ти април, Македонија ја очекува инфраструктурен бум од Владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. Инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план. Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура. Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран.

Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово - бугарска граница, Штип - Радовиш, Кавадарци - Прилеп, Битола - грчка граница и Струмица - бугарска граница.

— реклама —

Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница.

Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.

— реклама —

300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција.

— реклама —

Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања