Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ВМРО-ДПМНЕ победи во 19, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
246206006_441504784154457_7573074110989732400_n

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се 31 градоначалници.

Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 19 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.

— реклама —

Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите, Гази Баба и Кисела Вода. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Штип, Прилеп, Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром и Ѓорче Петров, но засега во овие скопски општини резултатите не се 100 посто обработени.

— реклама —

СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево.

— реклама —

Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево, Радовиш, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.

Во Центар Жупа победи Ариан Ибраим од ДПТМ, но изленоста е од дозволениот цензус.

За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања