Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог одлука за распуштање на Собранието на 12 февруари и ги повика и другите политички партии да ја поддржат иницијативата. Од таму велат дека се решиле на ваков чекор бидејки и покрај исполнување на сите услови за избори лидерот на владејачката СДСМ Заев најави пролонгирање поради законот за обвинителство за кој се уште не постои договор меѓу власта и опозицијата.
Од опозициската партија остануваат на тоа дека законот за обвинителство може да биде донесен и до 12 февруари ако решението доаѓа од експертите.
Од владејачката СДСМ пак, велат дека и тие се за избори на 12 април, но и дека стојат на тоа дека распуштањето на парламентот можено е да биде одложено на неколку дена за да бидат донесени законот за обвинителство и изборниот законик во делот на забелешкте на ОБСЕ И ОДИХР.
фото: Архива