Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Пораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Македонија, не допираат до Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Неспособноста на владата да ги испорача реформските приоритети, неиплементирањето на судските реформи, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со Европската унија, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење. Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.

— реклама —

Ноншалантното однесување на Зоран Заев, лагите дека сме добиле чист датум за преговори ќе ги чинат граѓаните повторно разочарување. Со ваков премиер Република Македонија ќе оди само назад, државата ќе продолжи да тоне, а резултатите од неработењето ќе бидат повторно на товар народот.

Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да поднесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската унија.

— реклама —

Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни,затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања