Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ потроши милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24-03-2021-Kaevski

Нашата земја, Република Северна Македонија е изградена на темелите на антифашистичката борба и таа е дел од нашиот идентитет со којшто се гордееме, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

„Денес ние сме суверена, независна држава со исполнета стратешка цел членство во НАТО и исполнети критериуми за членство во Европската унија.

— реклама —

Разговорите со Бугарија мора да се водат достоинствено и во духот на европските вредности.

За жал со последната посета на делегацијата од Република Бугарија се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата.

— реклама —

Оттука, разбирлив е гневот на граѓаните во последните денови.

Но истовремено, не е разбирливо лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Токму оваа партија за време на 11 годишниот режим поставуваше восочни фигури и се обидуваше да го рехабилитира ликот и делото на Ванчо Михајлов.

ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра за да ја ретушира македонската историја и да го девалвира значењето на НОБ.

— реклама —

Затоа оваа партија во којашто ништо не е променето нема кредибилитет да зборува.

Како општество, не смееме да дозволиме враќањето кон минатото да ја загрози нашата иднина.

— реклама —

Македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба.

Ги продолжуваме реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме државата за полноправно членство во Унијата, но истовремено во преговорите со Бугарија, целосно ќе ги заштитиме националните и државните интереси согласно нашите црвени линии“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања