„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ потсетува на некогашни ставови од Пендаровски за името и референдумот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Консултативен референдум е манипулација со народот. Или има референдум или нема. Ова почитувани е став на Стево Пендаровски. Ама кога беше во опозиција.

— реклама —

Тогаш паметуваше: Името не може да го смени само со власта ниту пак за судбината на државата треба да решава само еден човек. За да се промени името треба да се оди на задолжителен референдум, а не консултативен. Па Пендаровски продолжува: Значи луѓето овде се согласиле на географска додавка. Кого прашаа? Кој ги овласти? Само се спорат дали е пред Македонија, или е пред Република? Кој им дал право да се договараат за географска додавка, истакна на пресс конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Спорот околу името. може да се реши само со државен консензус меѓу сите политички чинители затоа што со референдум не може ниту едно решение да помине со 900 илјади гласови. Без единство тоа не е можно.

— реклама —

Ова се зборови на Стево Пендаровски - уште еден Заев, полн заевистички погодок - едно зборуваше во опозиција, ништо од тоа не спроведе како власт, се што зинал - за џабе било!

Овој Пендаровски сега треба да биде корисен за да ги аминува сите обезличувања и обесчестувања сето изживување на заевизмот врз државата и народот - од двојазичноста, преку сите бришења од капитулацијата, до идните обезличувања како грб, химна, знаме на државата. За Стево тоа е прифатливо, тој и онака само треба да остане послушник!

Почитувани, ќе ви го нудат Стево Пендаровски како нов и свеж интелектуалец, а всушност ви нудат Заевизам спакуван во лаги од 2014  година.

Заедно ќе го поразиме заевизмот, сега и на предвремените парламентарни избори, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања