Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици во општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
antoaneta-trajkovska

Наместо да донесе светлина и живот за сите, градоначалникот Саша Богдановиќ не враќа на почетокот на 19-от век. Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици, низ целата општина, изјави Антоанета Трајковска.

Речиси и да не постои маало на територијата на општината кое не е погодено од тотален мрак. Улиците 369, 364, 365, делот околу Музејот на современата уметност, просторот околу улицата Стив Наумов, ул. Алберт Ајнштајн, паркингот кај Зелен Пазар и многу други се само дел од мрачната слика.

— реклама —

Со ваквиот неодговорен однос на градоначалникот жителите на најбогатата општина секојдневно мора да живеат во страв за себе и за своите најблиски.

Како потврда е на ова е билтенот на МВР каде е забележан пораст на уличниот криминал и нарушување на јавниот ред и мир за неверојатни 65% во споредба со декември минатата година.

— реклама —

Почитувани,

Јавно го прашуваме градоначалникот дали и кога планира да ги осветли маалските улици, паркинзи и слободни простори?

— реклама —

Ќе овозможи ли слободно и без страв жителите спокојно и безбедно да стигнат до своите домови.

Наместо да се фокусира на партиски вработувања на партиски кадри во општината и во ПОЦ, време е да се насочи на поважни работи во општината, а администрацијата наместо да пие и да се забавува во текот на работно време треба да се погрижи за реалните проблеми на граѓаните на општината, истакна Антоанета Трајковска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања