Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владата на Заев со секој изминат ден покажа дека прерасна во вистински режим.Аболицираниот криминалец Зоран Заев е поттикнувач и заштитник на криминалот и беззаконието во Република Македонија. Заев наместо да го осуди и побара оставка од Курто Дудуш, тој се обиде да го оправда за лишувањето од слобода, тепањето и малтретирање на граѓанин, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од јасно е дека функционерите од власта имаат безрезервна поддршка од Заев за да вршат насилство и да се однесуваат шерифски и робовладетелски спрема граѓаните. Како е можно премиер на држава која претендира да биде дел од ЕУ да смета дека може да има добра причина за некој човек да биде незаконски затворен, малтретиран и измачуван од страна на функционер?

— реклама —

Недозволиво е во 21 век при соодветни институции, при полиција, судство и обвинителство функционер да си зема за слобода да лиши од слобода лица и да ги казнува онака како што нему му одговара со измачување и малтретирање. Таквото однесување ниту е демократско, ниту цивилизирано, а уште помалку е европско.

— реклама —

Повеќе од јасно е зошто обвинителството и полицијата се обидоа да го забошотат и прикријат случајот на Дудуш. Јасно е и зошто не се  санкционирани и градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски кој се закануваше на граѓани дека ги прислушкува и следи, како и заменикот министер кој предизвика сообраќајка и загрози човечки животи. Правосудството и полицијата се заробени од Заев, токму затоа беше и смешната и минимална казна за Боро „Марлборо“ Стојчев кој беше фатен во сериозен шверц на цигари.

— реклама —

Насилниците и криминалците наместо да се санкционираат, тие добиваат поддршка од премиерот. СДСМ наместо да ги заштитува граѓаните,  оправдува и поттикнува насилство врз нив од страна на нивните пулени и функционери.

Криминалот, насилството и корупцијата станаа симбол на оваа разуздана банда на власт.Република Македонија со СДСМ е небезбедна држава и загрозени се животите на граѓаните.

Одговорност за ваквото однесување ќе има, бидејќи се ближи денот кога оваа криминална власт ќе си замине, а сите нивни функционери кои го прекршиле законот ќе одговараат за сите нивни злодела, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања