Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
andonov

Националната агенција за европски образовни програми наместо да промовира европски вредности, претворена е во политичка алатка на СДСМ и Зоран Заев. Наместо да се инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови или на невладини организации блиски до власта или на организации каде фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот прогон на опозицијата и реализација на политичката агенда на Зоран Заев, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци!

Во Централен регистар може да се забележи дека невладината организација на судијата Лазар Нанев е организација во која тој е единствено овластено лице, односно лице – раководител. Во организацијата не се спомнати други вработени или други овластени лица за да раководат со нејзините проекти.

За потсетување, токму Лазар Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС во скопскиот Кривичен суд. Исто така, судијата Нанев ги водеше процесите против поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.

Прашуваме:

Дали судијата Нанев поминува повеќе работно време на овој огромен проект или во својата работа како судија?

— реклама —

Дали на судијата Нанев ова можеби му е награда за прогонот на членовите на ВМРО ДПМНЕ?

Дали ова не претставува корумпирање на еден судија кој добива пари од државна агенција, знаејќи дека судската власт треба да биде целосно независна и одвоена од извршната власт?

— реклама —

Дали постои пракса во која било европска земја, каде Владата доделува пари на некој судија?

Дали ова не е претставува конфликт на интереси и коруптивно однесување на Националната агенција?

Ваквите коруптивни практики се прошируваат и во образовни институции според нашите информации и во Прилеп, Скопје и Битола. Однесувањето на директорката Лидија Димова е скандалозно и недозволиво. Затоа, Лидија Димова мора да понесе одговорност и да биде разрешена од функцијата, а органите на прогонот да поведат соодветна постапка за трошењето на европските пари, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања