Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Предизборниот период е период кога „блескаат“ лагите на Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Доаѓа крајот на владеењето на криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев. Се ближи крајот на погубните политики на политичари без визија и план, политичари за кои најважен е личниот бенефит, банда која на коцка ја стави иднината на сопствената држава.

— реклама —

Македонскиот граѓанин има развиено политичка култура за да го прочита предизборниот поткуп пресликан во буџетот на Република Македонија за 2020-та година.

— реклама —

Предизборниот период е период кога „блескаат“ лагите на Зоран Заев, но за среќа повеќе никој не му верува на измамникот, кој и носи само порази и понижувања на сопствената држава и народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Она што ВМРО-ДПМНЕ го нуди е нова парадигма, морален кодекс кој ќе ја смени политиката во Македонија. Нема повеќе на македонската политичка сцена да има политичари кои истовремено се „просечни бизнисмени“. Нема да има ниту вечни политичари и функционери. Квалитетот ќе биде пресуден за кадровската политика. Доаѓа време кога мерит системот конечно ќе профункционира во нашата држава.

— реклама —

Законот нема повеќе да биде само парче хартија, а правната држава ќе биде основа на нашето општество. Владата на ВМРО-ДПМНЕ избрана од народот ќе работи за народот и ќе биде достапна во секое време за граѓаните.

Граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија и ќе стават крај на неговата тажна политичка кариера. Граѓанинот ќе избере обнова, наместо заевизам и ќе стави крај на деспотизмот. Следува обнова за Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања