Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО-ДПМНЕ предлага при спроведување на пописот да има и отпечаток од прст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
prst-6

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се набават апарати за отпечаток од прст при спроведувањето на пописот.

— реклама —

Портпаролот на опозициската партија, Наум Стоилковски, истакна дека на тој начин сите ќе бидат сигурни во резултатите на пописот и ќе се уверат дека не станува збор за политичко решение заради мир во коалицијата на власт.

— реклама —

Стоилковски на новинарско прашање зошто ВМРО-ДПМНЕ најавува дека нема да ги поддржи Закон за попис вака како што е пуштен во процедура, одговори дека законот за попис не е закон кој што треба да го носи европското знаменце, односно да се злоупотребува скратената постапка.

— реклама —

„Ова е закон за попис којшто всушност е за една употреба за еден пописен процес во деценијата. Ова е закон кој што треба да определи едно статистичка операција, пребројување на населението, а во него како секогаш до сега била вклучена методологијата, но овој пат изостанува методологијата според која што ќе биде вршена оваа статистичка операција. Тоа е така затоа што, во моментот овака како што е предложена и објаснета не станува збор за статистичка операција туку за политички договор кој што се потврдува со два врзани потписи“, рече Стоилковски.

— реклама —

Тој додаде дека предложен на овој начин, законот може да даде резултат од неверојатни 3 милиони жители во Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања