„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ предупредува: Објавувањето на законот во Службен весник е кривично дело за кое се лежи казна затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува и за кое се лежи казна затвор и ја носи директно директорот на Службен весник, а потоа и сите инволвирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони.

СДСМ уште еднаш ја силува демократијата и го руши правниот поредок во Република Македонија.

— реклама —

Веднаш по промената на името, Владата на СДСМ на незаконски и насилен начин ја прави Република Македонија двојазична држава.

Ова е само уште еден груб и провиден обид на Власта на СДСМ преку носење несуштински работи за албанците, да им се додвори на целиот албански електорат во пресрет на Претседателските избори и да ги изманипулира албанските гласови.

Доколку се искрени во намерите, наместо со носење несуштински работи, треба да се потрудат преку економски политики да ги реалзираат ветувањата кои ги дадоа пред изборите за подобар живот и навистина да им го подобрат животот на албанците во Република Македонија преку отворање нови работни места и се она што ветија.

Но, бидејќи ова им е само обид за додворување на албанците пред изборите преку правење на кривично дело, еден ден кога ќе паднат од власта ќе сносат одговорност пред лицето на правдата и ќе се соочат со предвидените казни кои следуваат за ова дело“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања