Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат, обвинува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје

ВМРО-ДПМНЕ преку Арсовска не дозволува стотици деца бесплатно да летуваат и да се социјализираат на летен камп, проект на Здружението за хумано – општествен развој Проект Среќа кој во изминатите неколку години имаше финансиска поддршка од Град Скопје и претходниот градоначалник, обвинува СДСМ

— реклама —

За жал, оваа година, овој проект за првпат не е поддржан од Град Скопје, бидејќи на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, стотиците вработувања за кои ќе се потрошат 670.000 евра, им се поважни од можноста десетици дечиња од социјално загрозени семејства бесплатно да летуваат.

Ако беше искрена, Арсовска ќе се откажеше од парите за партиски вработувања и ќе ги пренасочеше во проекти кои значат помош на граѓаните.

— реклама —

Ваквото однесување на Арсовска е показател за нула чувство за одговорност кон граѓаните.

Арсовска како и другите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните, туку се грижат само за личните и партиските интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања