Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Stojanoski-IZJAVA-1308-1

Додека државата ја тресе најголемиот коруптивен скандал во моментов, „Рекет“, поставуваме прашање до министерството за здравство дали паралелно сомнителниот тендер од половина милијарда за клиничкиот центар се вработуваат и по партиски клуч се делат специјализации на партиски послушници, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено дали претходниот директор на здравствениот дом на само ден пред заминување од местото директор со неговиот своерачен потпис вработил 20 луѓе. Дали истите се вработени по партиски клуч и од партиски списоци, и дали воедно истиот ден се поделени решенија за специјализации од кои денес на јавноста ќе презентираме две.

— реклама —

Дали на истиот тој список на нововработени се наоѓа и ќерката на главната сестра за превентива Здравствен Дом Скопје – работна единица Карпош, инаку истакнат партиски активист на СДСМ во Карпош? Дали гореспоменатата без ниеден ден на работен стаж како доктор добива специјализација по дерматовенерологија?

— реклама —

— реклама —

Истовремено, дали членот на комисијата за доделување специјализации при Здравствениот Дом, во исто време и советник за превентива во Здравствениот дом, самата на себе си доделила специјализација по неврологија.

Дали сето ова вистина и дали за ова некој ќе поднесе одговорност?

Дали и како е воопшто можно советник на директорот на Здравствениот дом сам на себе да си додели специјализација?

Ги повикуваме надлежните институции сите овие сомнителни постапки да ги подложат на ревизија и секаде каде што постојат неправилности да бидат поведени соодветни постапки, истакна Синиша Стојаноски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања