Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Притворањето на Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Притворањето на Катица Јанева е договорен театар со кој треба да се прикријат трагите кои водат кон Илинденска и Зоран Заев. Катица Јанева му остана верна на Зоран Заев, како што и тој и остана верен во сите местенки и криминали.  Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на истата паричка, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Зоран Заев е премиер, во Република Македонија целиот период за време на кој е вршен милионскиот рекет. Уценувани се десетици бизнисмени. Изнудувани се пари, а институциите на системот или биле дел од рекетот или замижувале пред криминалот.  Јанева е алатката со помош на која е вршен рекетот, а Заев е координаторот на целиот криминален систем. Замешателството на Заев е главната причина и поради која Јанева беше на слобода со месеци, иако доказите за неа Русковск ги има уште од април.  На Јанева и беше оставено простор да го преформатира телефонот, да оди во странство и да влијае врз сведоци.

— реклама —

Привилигираниот третман на За другарчињата на Заев како Јанева важат едни правила, а за обичните луѓе други. Вилма Русковска , истата обвинителка што и дозволи на Јанева да оди на погреб на нејзината мајка, не му дозволи на обвинетиот во случајот 27 април, Душко Лазаров, да отиде на погреб на мајка му. Русковска се однесува заштитнички кон власта. Таа ја одолговлекува истрагата за Рекет со недели, и не го повикува Зоран Заев на распит, иако е спомнат во аудио разговорите, дека знае за рекет системот.  Правда во Македонија со Заев, нема. Потребни се итни предвремени парламентарни избори,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања