Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Приходите во буџетот помали за 14% од лани, економијата колабира, вртоглаво паѓа стандардот, а власта се богати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
budzet-1

Крими тендерашката власт на Заев со организирање спектакли со уривање на една дивоградба сака да го прикрие економски колапс кој се случува во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Дивоградбата кај Мавровка не требаше ниту воопшто да се изгради ако беа ажурни институциите под контрола на Заев, а не пак сега сензационалистички да се руши со народни пари. Јасно дека овој театар им беше потребен за да прикријат дека приходите во буџетот во месец август се помали за 13,9% во однос на лани поради погубните економски политики.

Наплатата на ДДВ е помала за 14,3%, акцизите се за 25%, данокот на добивка е за 28,9% и приходот од персоналниот данок е помал за 10,4%. Сето тоа говори дека економијата крахира, се намалува економската активност, вртоглаво паѓа стандардот на граѓаните и тие помалку трошат.

— реклама —

Дополнително 40 илјади лица за само 5 месеци ја изгубиле својата работа, а 30 илјади лица од месец април навака не земаат редовно плата.

— реклама —

Власта на Заев освен за криминали за друго не ја бива. Создадоа нов долг од 1 Милијарда евра за само три месеци, а патем ги поскапеа акцизите за горивата за 3 денари и ја покачија струјата за 7,5% за да ја префрлат на грбот на граѓаните својата неодговорност и неспособност.

Со власт на Заев едно е јасно, државата ќе тоне , а тие ќе се богатат. Економијата ја клекнаа на колена затоа што се посветени само на некој тендер повеќе за себе, неколку милиони повеќе во нивниот клан, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања