Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле за да се понижат и заплашат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
presuda-27-2

Заев и Пендаровски наместо правда промовираат монтирани процеси, политички реваншизам и нарачани пресуди.На тој начин се обидуваат да рашират страв и да го свртат вниманието од криминалот во кој што заглавија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДСМ уништи се што значи право и правда. Две години само кршење на уставот и законите. Неправото стана пракса, а правосудните органи алатка за прогон на политички неистомисленици.

211 години затвор за обвинетите за настаните од 27-ми април се врв на политичкиот реваншизам.

— реклама —

Професионалци и искрени патриоти се судат за дело кое не го сториле. Се кршат нивните човекови права и се злоупотребува институцијата притвор, само да се понижат и заплашат.

Власта делува надвор од правото. Ниту делото за кое ги обвини Русковска обвинителството, а ги осуди Кацарска судството го сториле, ниту пак притворите кои им ги определија се правно издржани.

Случајот 27-ми април е инквизиција на 21 век, незабележан во модерна Европа.

Неправото и кршењето на законите мора да запре. СДСМ и нивните пулени кои го имаат окупирано системот мора да си заминат. Единствен начин за тоа е победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори за пад на СДСМ, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања