Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Промени во 19 општински комитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ постојано се надоградува и засилува. Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат.

„ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини, дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ кои се секогаш со народот.

ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети:

Македонски Брод - Бисера Златеска

Куманово - Бобан Николовски

Зелениково- Дејан Димишковски

Свети Николе - Илија Стоилев

Штип- Душко Иванов

Чашка- Трајче Мишковски

Пробиштип- Оливер Митев

— реклама —

Чешиново Облешево - Јорданчо Костадинов

Валандово- Јулија Тушевска

Пехчево- Николчо Спасовски

Карбинци- Гордана Брбашка

— реклама —

Градско- Александар Георгиевски

Гевгелија- Димитар Вегов

Дојран- Илија Тентов

Демир Капија- Наталија Димитриева

Новаци- Илче Трајковски

— реклама —

Росоман- Ѓорги Крстевски

Крушево- Александра Мијајлевска Стефановска

Долнени- Сашко Велјановски

Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја угушува државата.

Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања