Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Простотилакот на Петре Шилегов е поттикнат и охрабрен од Зоран Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
120190420_222432

Кога Заев и Шилегов немаат никаков аргумент со кој би го објасниле криминалот, расипништвото и пропаѓањето во овие две години, прибегнуваат кон навреди, вулгарности и недолично однесување. Со спуштање на нивото се надеваат дека ќе предизвикаат инциденти со кои би се дефокусирало вниманието од сиромаштијата и катастрофата со која се соочуваат граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Недоличното однесување и говорот на омраза на Шилегов мора да биде санкциониран. Нервозата за лошиот изборен резултат Шилегов може да ја искажува на Бихаќка, ама не и пред граѓаните. Скопјани година ипол не видоа ниту еден проект или инвестиција, само омраза и неспособност.

— реклама —

Токму затоа Шилегов е во право кога вели дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет, одлика со која Шилегов одамна расчистил. Доколку СДСМ и Заев мислат дека ќе ја залажат јавноста со театарот наречен метла се лажат. Граѓаните се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје. Како ако Шилегов не е добар за потпретседател на партијата би бил добар за градоначалник.

— реклама —

Граѓаните не бараат метла во СДСМ. Граѓаните бараат метла во државата. Шилегов е политичар, кој за година ипол нема изградено ниту еден булевар, улица или пешачка стаза. Шилегов година ипол нема направено ништо. Токму затоа треба час побргу да си даде оставка од позицијата градоначалник. Се друго е само потврда дека најавената метла е само театар за отргање на вниманието на граѓаните од лошите политики, но и чистење на СДСМ и јакнење на позицијата на Заев во пресрет на неминовното одење во опозиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања