Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ реакција: Граѓаните ги очекуваат инвестициите на Гугл и Фејсбук кои Заев бомбастично ги најавуваше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Граѓаните повеќе не веруваат во лагите на криминалниот картел и на аболицираниот Зоран Заев. Тие се уште ги очекуваат инвестициите на Гугл и Фејсбук кои Зоран Заев бомбастично ги најавуваше, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ единствено што донесе во државата е зголемен јавен долг и сиромаштија. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта ги вработува своите роднини во државни институции за плати далеку повисоки од просечната.

— реклама —

Додека пак секојдневните задолжувања на криминалниот картел направија за прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг да биде над 5 милијарди евра и да ја надмине психолошката граница од 50%.

Странските инвестиции со кои што СДСМ се фали се инвестиции кои претходно ги договори владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ или втора фаза на фабрики кои веќе беа донесени од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Впрочем инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ се и единствената светла точка во катастрофалната економија на СДСМ.

Инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ по кои СДСМ фрлаа со дрва и камења и беа симбол за експлоатација на работници, сега за картелот се компании кои ја движат економијата, ја намалуваат невработеноста и го подобруваат животниот стандард на граѓаните.

СДСМ покажаа дека се неспособни и некадарни да носат инвестиции, а ниту имаат капацитет да ја водат македонската економија. Република Македонија и граѓаните повеќе не смеат да бидат на работ на егзистенцијата и токму затоа потребно е СДСМ да си замине, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања