Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ реакција: Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

На Петре Шилегов и на Стефан Богоев им требаше годин ипол за да излезат и да го работат она за што се платени. Шилегов и Богоев година ипол не направија ништо за Скопје и за Карпош. Шилегов и Богоев се најнеспособните градоначалници во историјата на Скопје и Карпош, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ  на изјавата на Петре Шилегов.

— реклама —

Денес Шилегов и Богоев се пофалија дека почнале да чистат депонија, за која имале година ипол да ја исчистат. Шилегов и Богоев повторно ништо не работат, но поради поразот на претседателските избори и на нивниот кандидат Стево Пендаровски излегоа пред камери да даваат бледи изјави и да се преправаат дека нешто работат.

Скопје му го сврте грбот на СДСМ. Скопје му сврте грб на Заев, Пендаровски, Шилегов и Богоев. Скопје и скопјани сакаат работа и посветеност, иневестиции на секое поле, а тоа се работи кои од СДСМ не ги видоа.

— реклама —

СДСМ продолжува да тоне во Скопје, затоа што скопјани не се нискоинтелегентни за да им поверуваат на лагите. СДСМ губи и ќе изгуби и во вториот круг. Затоа што Скопје и скопјани сакаат претседател на државата кој е за право и правдина. Скопје ќе ја избере Гордана Силјановска Давкова, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања