Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ реакција: Со СДСМ на власт македонската економија крахираше и го допре дното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Криминалниот картел на СДСМ и Зоран Заев докажа дека е неспособен да донесе подобар стандард за граѓаните на Република Македонија. Со СДСМ на власт македонската економија крахираше и го допре дното. Во време кога државите од регионот и Европа доживуваат ренесанса, Македонија има најниски плати и БДП од мизерни 2,05%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ.

— реклама —

Бедата која ја донесе СДСМ од ден на ден се повеќе расте. Над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека власта се дави во сопствениот непотизам вработувајќи си ги најблиските во државни институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

Наместо да го остварат ветувањето дека нема да се задолжуваат тие го направија спротивното и почнаа секојдневно да ја задолжуваат државата и граѓаните и поради нивното расипништво јавниот долг надмина 5 милијарди евра што за прв пат ја надмина психолошката граница од 50%.

— реклама —

За нивната неспособност говори и фактот дека во јануари реализирани се само 1% од капиталните инвестиции кои самите ги проектираа. Странските инвеститори почнаа да ја избегнуваат Македонија, а единствена светла точка во економијата со која што се фалат се инвестициите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Подобар стандард и иднина за граѓаните не се носи со криминал, корупција, непотизам и повисоки даноци. Подобар стандард несе носи ниту со заробено правосудство, креирање страв и политички прогон.

СДСМ ја зароби и крахира државата. Република Македонија има потреба од функционална правна држава, која единствено ќе дојде доколку си замине овој криминален картел на СДСМ. Токму затоа потребна е победа на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори што ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори за конечно бедата на СДСМ да замине во историјата, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ, на соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања