Пендаровски и Заев се лице и опачина на истата паричка. За Пендаровски и за Заев не постои ниту устав, ниту закон, ниту право, ниту правдина. Пендаровски и Заев се нарачатели на политички монтираните процеси. Случајот 27 април, е политички монтиран процес, против сите неистомисленици на Зоран Заев. Според изреченото во пресудата нема ниту еден аргумент и доказ за делото за кое се товарат сега осудените, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски.
Чавков и останатите професионалци од МВР, како и граѓаните кои се осудени се жртва на политички прогон. Никаде во цивилизирана Европа не се притвораат луѓе два дена пред изрекување на пресудата и тоа врз основа на фингирана службена белешека.
Принципот на владеењето на правото е укинат во Република Македонија, под власта на СДСМ. Република Македонија само тоне, а на удар на правосудните институции, кои се претворени во алатка за прогон на власта се сите неистомисленици на Зоран Заев.
Злото наречено СДСМ мора што побргу да си замине. Потребна е масовна излезност на избори и победа на Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде причина за распишување на предвремени парламентарни избори, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на на изјавата на Стево Пендаровски.
.