Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ реакција: Заев и криминалниот картел ја завршија година со убедливо најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата. Заев и криминалниот картел околу него ја завршија година со убедливо најнизок раст на БДП и во Регионот и во Европа. Тоа пред се се должи на нивната неспособност и неработење. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година во време на владеењето на Заев економијата во Македонија пораснала само за 2,05%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Владата

— реклама —

на Република Македонија, која се однесуваше на тема економија.

Тие не се способни да го реализираат ниту тоа што самите го зацртале.

— реклама —

Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што говори дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните.

Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа Влада. Ако се има предвид дека во овој сектор работат претежно млади луѓе тоа е само уште една потврда на поразителните бројки дека речиси 90% од младите би заминале од државата заради бесперспективноста која оваа власт ја создава, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на Владата на Република Македонија, која се однесуваше на тема економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања