Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Регистрирани се 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, половина од сите во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Власта на СДС и ДУИ е расадник за криминал, ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства вл Македонија, половина од сите злоупотреби во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ истражува 18 случаи на измама и злоупотреба на европски пари во Македонија, тоа е една половина од сите измами во земјите од Западен Балкан.

— реклама —

— реклама —

Бројката на случаи ја потврди и евроамбасадорот во земјава.

Наместо кај граѓаните и компаниите европските средства очигледно завршувале во нечии џебови, тоа не можело да помине без знаење од власта. Не е возможно да има 18 случаи на злоупотреба на европски пари, а никој од власта да не знае за тоа.

Врв на мизерија се изговорите на власта дека не знаат што се случува, а од Брисел и Вашингтон алудираат на огромни криминали и злоупотреби.

— реклама —

Го повикуваме ЈО да не чека на ЕУ, туку веднаш да отвори истраги, а власта да не ги мачи граѓаните и да распишр избори. Со секој поминат ден на власт на СДС и ДУИ Македонија повеќе тоне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања