Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
reket-audio

Единствено што власта реализираше овие три години се рекетираните торби со пари тешки милиони евра.  Злоупотреби  на службена положба, мито и корупција, помагање и прикривање на криминалот со импровизирани истраги, обвинители и судии во служба на владата, се ликот и делото на оваа влада.  Кој од владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за коишто се чини не смее никој да одговори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет“. Со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците. Никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна. Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити  функционерите на власт ја затвори истрагата. Пет месеци поминаа, а јавноста сеуште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев?

Празната реторика и лажната желба за реформи во судството се одлика на оваа крими влада.

— реклама —

На планот за животот со рекет му доаѓа крај. Заев да не бега од избори туку да се соочи со одговорност пред граѓаните. Правдата ќе ја стигне оваа криминална власт на 12-ти април,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања