ВМРО-ДПМНЕ сака да излезе на избори и со една изборна единица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
izbori-makedonija-Copy

Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи кои што во моментов се наоѓаме, а причина за тоа се СДСМ и ДУИ, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање при денешната прес конференција.

— реклама —

Таа вели дека доколку техничката влада им е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ подготвено на предвремени избори и без техничка влада, но и со една изборна единица доколку тоа им одговара на помалите политички партии.

— реклама —

- ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за промени во Изборниот законик и да ги слушне барањата на помалите политички партии за една изборна едница и доколку тоа е проблем на СДСМ и ДУИ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица, нагласи Митева

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања