Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Само Зоран Заев и СДСМ може да слават дека го промениле името на државата и идентитетот. Mакедонскиот народ е разочаран заради губењето на името, идентитетот, историјата и културата, а СДСМ на чело со аболицираниот Заев слават и се гордеат дека ги продале државните и национални интереси, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„СДСМ и Заев спротивно на јасно искажаната волја на македонскиот народ на референдумот тргнаа насилнички да го спроведуваат капитулантскиот договор од Преспа.

— реклама —

Иако не добија мандат од граѓаните за овој срамен чин тие сепак по пат на закани и уцени се пазареа со националните и државните интереси и ги променија уставното име и идентитетот на Република Македонија.

— реклама —

Заев викаше дека не постои човек кој ќе се дрзне да го менува името и дека промената на името е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Се колнеше во неговите татко, дедо како и сопствените деца, но откако дојде на власт прва и единствена работа на која беше фокусиран беше како да го промени името и како да ја зацрни државата.

СДСМ и Заев покажаа дека немаат никаква врска со европските вредности. Корупцијата го достигнува својот зенит, економијата тоне, a граѓаните стануваат се посиромашни, додека функционерите од власта и нивните семејства стануваат се побогати.

Граѓаните се свесни дека ова беше власт за една намена и токму затоа нема да дозволат повеќе државата да назадува. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и  конечно да завршат сите овие црнила и зла кои СДСМ и Заев им ги нанесуваат на државата и граѓаните.

Заев и СДСМ ќе ги снајде казната токму  од македонските граѓани чии одлуки сега не ги почитуваат.  ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ја порази оваа криминална власт на аболицираниот Заев и СДСМ и ќе стори се што е во негова моќ да ја исправи неправдата и да го врати тоа што СДСМ  сега го продава. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања