Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го вратија на функција директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш кој беше разрешен поради трговија со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Вчера власта на СДС и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција. Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.

— реклама —

Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција.

— реклама —

Со кој образ Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога.

Да потсетиме, кого штити СДС. Се работи за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат.

— реклама —

Народот гледа дека СДС одлепиле скроз и тоа народот ќе го казни.

— реклама —

Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања