Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сакаат да ја саботираат постапката за Алта банка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека преку, како што наведува партијата, лаги и манипулации создава хистерија околу случајот со Алта банка и се обидува да го попречи процесот што треба да ги заштити интересите на штедачите и доверителите.

— реклама —

Од партијата тврдат дека парите на граѓаните се безбедни, дека надлежните институции ги преземаат потребните мерки и дека банката наскоро ќе го продолжи нормалното работење. Според ВМРО-ДПМНЕ, на Филипче и СДСМ им пречи решавањето на случајот, поради што ја обвинуваат опозицијата за обид за саботажа.

— реклама —

Во соопштението партијата ја спореди ситуацијата со Алта банка со пропаста на Еуростандард банка во времето на владеењето на СДСМ. Тврди дека фирми во сопственост на братот на поранешниот премиер Зоран Заев и негови деловни партнери, меѓу кои „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“ и „Тритерол“, добиле милионски кредити без покритие, кои не биле вратени, додека штедачите останале без своите пари.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ побара Филипче и Заев да одговорат и за наводните сомнителни трансфери на стотици милиони евра од Венецуела во 2019 година, кога Филипче бил министер, а Заев премиер. Партијата праша дали двајцата знаеле за овие трансфери и дали имале улога во нив.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Филипче треба да одговори на овие прашања, наместо, како што тврдат, да го попречува процесот поврзан со Алта банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Алта банка ги враќа електронското и мобилното банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryb0ujnhekgjp740RR6bz

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица, неделниот лимит зголемен на 15.000 денари

Македонија | пред 1 ден

media-librarylng55irhup809BUd80c

Мицкоски се согласува Обвинителството да отвори случај и да поведе истрага за Алта банка

Македонија | пред 1 ден

media-libraryog4u1s1nc70v744IKMK

Филипче бара истрага за Алта банка, Обвинителството порачува: Не постапуваме по политички барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања