Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylmokijtkrg4p6MVhGbG

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДС применува двојни стандарди во однос на состојбата со загадената вода во Гостивар и дека лидерот на партијата, Венко Филипче, не бара одговорност од функционерите на СДС во локалната власт.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека Филипче јавно го поддржал кандидатот Валбон Лимани на повторените локални избори во Гостивар, наведувајќи дека локалната власт, во која, според нив, учествуваат СДС, ДУИ и Арбен Таравари, не успеала навремено да се справи со кризата.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, поради состојбата било неопходно Владата и државните институции итно да интервенираат со обезбедување флаширана вода и техничка вода за граѓаните, додека, како што наведуваат, се преземаат активности за повторно воспоставување безбедно водоснабдување.

— реклама —

Од владејачката партија оценуваат дека СДС нема кредибилитет да бара политичка одговорност сè додека, како што тврдат, не ги повикува на одговорност сопствените функционери.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека СДС и Венко Филипче постојано бараат оставки и одговорност од политичките противници, но молчат кога станува збор за нивните кадри. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат СДС да покаже дека принципите на одговорност важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политичка корист.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh34t5e2fhs8b0pLSvdr

„СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 1 ден

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања