Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на обвинувањата од СДСМ во врска со тендерите, набавките и организацијата на прославата по повод Денот на независноста, порачајќи дека тие можат да се спроведуваат на законски начин.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ треба да направи разлика меѓу законско и чесно организирање на тендери, набавки и прослави и начинот на кој, според нив, тоа се правело во периодот кога СДСМ бил на власт.

„СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за Ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека СДСМ, според нив, не ја научил политичката лекција што, како што велат, ја испратиле граѓаните и оценуваат дека „времето на криминалот и корупцијата е завршено“.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеење на СДСМ секој тендер, набавка или друг вид договор бил проследен со сомнежи, коруптивни методи и провизии.

Во реакцијата се повикуваат и на работењето на Лотарија, при што од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека средствата наместо за прослави на независноста и за македонските артисти, уметници и пејачи, оделе во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.

— реклама —

„Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи“, се наведува во партиската реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
eurostandard

Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ по нападите од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library1v3692qk4s216CY2tE6

Караница меѓу владините партнери? ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека работел во корист на ДУИ во Брвеница

Македонија | пред 1 ден

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања