Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да создава хистерија за да предизвика страв и несигурност кај граѓаните, ЈО да реагира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДСМ дека со јавните настапи и прес-конференциите намерно создава страв и несигурност кај граѓаните, а од Јавното обвинителство побара да постапи согласно членот 315 од Кривичниот законик, кој се однесува на кривичното дело саботажа.

— реклама —

Во реакцијата на партијата, објавена на 6 ноември, се наведува дека СДСМ, според нив, со ширење хистерија се обидува да предизвика штета на државата и граѓаните. Како примери ги посочуваат претходните реакции на опозициската партија за квалитетот на водата за пиење во Скопје и Гостивар, наводниот колапс на ПИОМ, како и актуелниот случај со „Алта банка“.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека додека институциите преземаат мерки за заштита на интересите и парите на граѓаните, СДСМ ги попречува нивните активности. Особено ги критикуваат прес-конференциите пред Народната банка и секојдневните обвинувања поврзани со случајот со „Алта банка“.

— реклама —

Партијата смета дека во ваквото дејствување постојат основи за постапување според членот 315 од Кривичниот законик, кој предвидува затворска казна од најмалку три години за саботажа под определените законски услови.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека СДСМ не се грижи за интересите на штедачите и доверителите на банката, туку се обидува да оствари политичка корист на сметка на процесот за заштита на граѓаните и државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycsh1i936ka910S4pYET

Ѝ се заканувал дека ќе ги испрати нејзините експлицитни фотографии на семејството ако не му даде пари и не прифати сексуален однос со него

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
oruzja

Полицијата пронашла три парчиња огнено оружје и муниција во викендичка во Ваташа

Македонија | пред 21 минута

dogovor-12

Двојка од Тетово осомничена дека со фалсификуван договор присвоила стан

Македонија | пред 22 минути

media-library7k4r9g80j9c4030CIe3

Четири години издавал лажни изводи за склучени бракови на странски државјани, кривична за матичар од Слупчане

Македонија | пред 25 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања