Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со уличарски речник ја потврдува сопствената политичка немоќ, нека го погледнат видеото на Дејвид Гета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0h6umhreaottaXNKC2P

ВМРО-ДПМНЕ преку реакција одговори на обвинувањата на СДСМ, оценувајќи дека опозициската партија користи „низок и уличарски речник“ и покажува целосен недостаток на политичка зрелост.

— реклама —

Од партијата велат дека СДСМ и Венко Филипче наместо да покажат државотворност, се спротивставиле на прославата на 35 години независност на Македонија и на, како што наведуваат, илјадниците граѓани кои присуствувале на централната прослава.

— реклама —

„СДС и Венко Филипче не пропуштија прилика да пропуштат прилика за да демонстрираат државотворност и политичка зрелост. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа“, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла тврдењата на СДСМ за наводен криминал поврзан со организацијата на прославата, оценувајќи ги како „небулозни“ и наведувајќи дека целиот процес бил отчетен и транспарентен.

— реклама —

Во реакцијата, владејачката партија се осврнува и на видеото што светски познатиот диџеј Дејвид Гета го објави по настапот во Скопје.

— реклама —

„Ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 час

— реклама —
eurostandard

Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ по нападите од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library1v3692qk4s216CY2tE6

Караница меѓу владините партнери? ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека работел во корист на ДУИ во Брвеница

Македонија | пред 1 ден

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања